Јавна дебата во ОКВ: Европска недела за помалку отпад

Преставници од локалната самоуправа, здруженија и невладини организации дискутираа за заедничко изнаоѓање на решенија за справување со отпадот на територијата на општината. Тие на оваа средба дадоа повеќе идеи и предлози кои би придонеле за почиста Кисела Вода.

Пред присутните се обрати д-р Христина Оџаклиеска, член на Советот на Општина Кисела Вода. Оџаклиеска која даде голема поддршка за одржување на оваа дебата, ја истакна важноста на улогата на сите засегнати страни во напорите за спречување со дивото депонирање на отпад.

Додека, Мирјана Китановска, воспитувач во градинката ЈДГ „8 март“, објект „Расадник“, објасни како нивната градинка го има добиено највисокото еколошко признание, зеленото знаме и како истата работи на полето за зачувување на животната средина.

rasadnik

 

stapalce-mala

 

 

dzunica-mala

 

 

zelenika-mala