„Засади дрво за мир“2014

ЈДГ „8 Март“-Скопје, по повод Светскиот ден на мир на Обединетите нации, зема учество во светската кампања во која ќе се вклучат повеќе од 5000 училишта и градинки од 120 земји од целиот свет.

Настанот ги поврзува децата од целиот свет, насочувајќи ги кон прашања од областа на животната средина. Што е уште поважно, настанот го промовира образованието за мир и ја зголемува свесноста на децата и учениците за важноста на дрвата и шумите во светски рамки. Садењето на дрва ја симболизира надежта и трајноста на животот.

Оваа година садевме зимзелени и овошни садници, со што дворот на градинката го збогатиме со повеќе од 80 садници.

Како и секогаш во оваа акција ни помогнаа и донираа садници Општина Кисела Вода, родителите, ТИТАН Цементарница-Усје-Скопје.

За да ги погледнете фотографиите од овој настан кликнете овде.

rasadnik

 

stapalce-mala

 

 

dzunica-mala

 

 

zelenika-mala