Еве не сега пак
пред првиот ден
на СЕПТЕМВРИ,
кога сме сите
насмеани, умни и ведри.
Повторно се враќаме назад,
пред прагот на градинката наша
за која ако некој радознало Ве праша:
- Како ли се вика таа ?
Верувајте одговорот сите го знаат.
Тоа е нашиот втор дом
шарен вессел и убав,8 март се вика
и целиот од убавина блика.
За убавината во неа нема толку зборови
колку што се фотографии.
Побрзајте и отворете ја
галеријата од фотографии
во кои најголемата убавина
во светот се гледа:
Шарено, убаво, весело, чисто
велат како што ни е дома
и тука е исто !
Ако имате збор или два
после оваа убавина наша,
или ако некој сака нешто
да праша,
пишете ни слободно
без срам
за нас тоа ќе биде
вистински дар
поглед на галерија
На ден 07.09 и 09.09.2009г. официјално се одбележа почетокот на новата учебна година со програма која беше наменета за сите деца од нашата установа.
Имено, на 07.09.2009г. во просториите на објектот “Пеперутка 2” нас. Драчево со активно учество на воспитувачите од објектите “Пеперутка 1 и 2” се реализираше содржината на куклената престава “Првиот училишен ден на Пинокио” чиј автор е педагогот на установата Мира Ѓорѓиевска и низ чија содржина се преплетоа ликовите на кловнот Зоки-Квачка, волшебникот Кристијан , децата од детскиот хор “Златно Славејче” и децата од големата група на воспитувачката Олгица Николовска и негователката Јулијана Димитриевска изведувајќи многу успешна кореографија на Химната на нашата градинка.
(одат фотографии од горе наведените присутни актери, амбиентот во салата, публиката, театарчето со куклите-ликови)
На општо задоволство на сите присутни со свое присуство н# удостои и на сите присутни со убави зборови се обрати градоначалникот на општина Кисела Вода Г-ин Марјан Ѓорчев упатувајќи најискрени желби за здраво , среќно и безбедно детство на сите деца кои се згрижени во градинката како и сите други кои живеат во нашата општина но и пошироко од неа.
(одат фотографии од градоначалникот кога се обраќа на присутните)
Кон овој убав и весел настан како гости н& се придружија и Г-ѓа павлина Карамазова директорката на ЈДГ”Весели Цветови”-другата градинка кој работи на територија на општина Кисела Вода и Раководителот на Сектор за предучилишни установи Г-ѓа Ирина Момироска.
На 09.09.2009г. по истото сценарио во дворот на објектот “Пржино” се реализираше истата куклена престава , каде гостите - актери беа исти како и во објектот “Пеперутка 2”, освен што наместо децата од хорот “Златно Славејче” настапија децата од хорот “Поточиња”, а самата куклена престава ја реализираше тимот воспитувачи од објект “Расадник”, а децата од големата група на воспитувачот Јовановска Татјана и нгователката Снежана Ј. Калпакова изведоа убава кореографија на нашата химна..
Двете случувања изобилуваа со голема интерактивност со децта од публиката, ведрина и добро расположение, но најважно од с# е дека децата имаа можност преку содржината на преставата и да се едуцираат за тоа што е добро а што не да се прави, како да се постапува и дека најдобро од с# е да се оди во градинка.
До крајот на овој месец установата преку воспитнообразовната работа во групите , продолжува да реализира активности испланирани во Месечниот план за работа и во голема мера веќе сме фокусирани на осмислување и планирање на активностите за одбележување на НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО…..
преглед на галерија
Времето си врви, врви,
И видовте дека во се сме први.
30 годишниот јубилеј го направивме најдобро на свет.
Се беше за оцена пет.
200 дечиња ги претставува виножитните бои!
Зошто по нив се во нашата градинка се крои.
Фотографииве се ќе Ви кажат
До следниот јубилеј за најдобри ќе важат.
преглед на галерија
А, сега во следниве информации ѕирни.
Одбележавме:
- Светски Ден на Театарот
- Ликовно атеље со познатиот уметник Живко Поповски-Цветин
- Априлијада-„Кобожемски ден“
- 7 Апраил-Ден на здравјето
- Велигденска работилница
- Велигденски хуманитарен хепенинг
- Го славиме Ѓурѓовден заедно до Општината наша
А,сега не чека нешто важно
Можеби и по малку е тажно.
Сите големи групи во училиште ќе одат
со себе спомените од градинка ќе ги водат.
По тој повод забава во сите објекти ќе правиме
тргнувањето во училиште весело ќе го прославиме.
Поздрав од Вашите најмили
Ставови на родителите на здрави деца кон вклучување деца со пречки во развојот
На 28.01.2009 год. во објектот Расадник во присуство на активот на воспитувачи, негователки, директорот и педагогот на градинката, родителите и преставници од Општината Кисела Вода, се одржа презентација на проектот "Ставови на родителите на здрави деца кон вклучување деца со пречки во развојот" од дефектологот Ана Каревска, која својот проект го реализираше во нашата градинка.преглед на галерија
Светски ден на болните
11.02.2009 год. е Светски ден на болните. Преку куклената претстава "Лавот го боли заб" во сите наши објекти, учевме како да им помогнеме на болните, а истиот тој ден со оваа куклена претстава ги развеселивме и насмеавме децата од детската болница за белодробни заболувања - Козле. Интересната содржина, ведрите песнички, кловнот Лили и подароците од нашата градинка ги разведрија нашите болни другари. На крајот им посакавме побрзо да оздрават па следниот пат можеби ќе ни дојдат на гости.
преглед на галерија
Новогодишна претстава "Дедо Мраз и Црвенкапа"
Дедо Мраз го пречеавме во сите наши градинки, а тој ни подари прекрасна Новогодишна приказна. Актери беа нашите учителки, а децата не само што се радуваа на Дедо Мраз туку научија многу важни нешта. ИмВаше многу ликови, највесели беа Веселко, Зајакот и Волкот, најубави беа Црвенкапа и Дада Мразица, најсреќна беше Бабата, а Дедо Мраз си е Дедо Мраз -најсаканиот дедо на светот.
СРЕЌНА НОВА 2009 ГОД. ВИ ПОСАКУВААТ ДЕЦАТА И ВРАБОТЕНИТЕ ОД СИТЕ ГРАДИНКИ НА "8МАРТ" - СКОПЈЕ
Доколку сакате да го погледнете видеото на настанот можете истиот да го симнете од следниве линкови:
прв дел
втор дел
трет дел
Новогодишни работилници
15.12.2008г. - Работилница објект "Расадник" - попладневна
Почеток во 14:30 часот
16.12.2008г. - Работилница објект "Пржино" - попладневна
Почеток во 14:30 часот
17.12.2008г. - Работилница објект "Пеперутка 1 и 2" нас.
Драчево, ул. "Ратко Митровиќ" бб. Скопје
Почеток во 17:00 часот
Централна активност
Поканети: Родители и деца кои се загрижени во нашата установа. Градоначалникот на општина Кисела Вода Г-ин Џорџе Арсов и преставници од општинската администрација. Преставници од МТСП на Р.Македонија. Преставници од Советот на општина Кисела Вода и др.
Заедничката цел на сите работилници е изработка на новогодишни честитки кои потоа ќе бидат препратени до други другарчиња, институции, надворешни соработници на установата и сл.
За реализација на работилницата задолжително присуство да планира музичарот Татјана Ѓоревска и педагогот Мира Ѓорѓиевска.
Новогодишни престави
23.12.2008г. - Објекти "Пеперутка 1 и 2" - почеток во 9:30ч
24.12.2008г. - Објект "Пржино" - почеток во 9:30ч
25.12.2008г. - Објект "Расадник" - почеток во 9:30ч
Отворање на web-страната
И важниот ден дојде на 10.12.2008 година во 10 часот ние го отвараме прозорецот на нашето детство.
И сега...
Секој може да се види
во оваа волшебна рамка!
само клик на ЕНТЕР
не е мамка!
Ова Ви е другарчиња
нашата web страна на интернет
А, ме прашувате кој ќе дознае!
Па се разбира
целиот свет!
превземете го видеото тука: репортажа сител