Градинката "8 Март" почнаа со својата работа 1979 год. (Објект Пржино), и токму оваа година е нашиот голем јубилеј. Територијално е лоцирана во Општина Кисела Вода. Загрижува 700 деца, што е повисока бројка од нејзините реални капацитети. Децата се распоредени во 4 објекти, во 26 групи градинка дел и 8 јаслени групи. Градинката запишува деца од 7 месечна возраст до 6 годишна возраст. Сите објекти располагаат со пространи занимални, уредени холови, сали и дворови. Работно време на градинките е од 05:30 (06:00) до 18:00 часот.
Во градинката "8 Март" воспотно образовната работа се темели на националната предучилишна програма, која ја подржува Програмата "Чекор по чекор" и "Граѓанско образование"

ХИМНАТА
на "8 Март" -на општина Кисела Вода во Град Скопје

Прекрасен е овој детски свет
а во него се градинки пет.
Тие се во најубавиот градски кварт.
Се викаат, се викаат "8 Март".

Во неа се расте во неа се пее,
8 Март, 8 Март, како сонце грее.
Виножито шарено над нејзе ќе сјае,
најмногу ја сакам секој нека знае.

 

Таа има 4 Објекти и секој е убав и весел на свој начин

photo photo photo photo