Есенски работилници и свечености во нашата градинка 2025
Во текот на есенскиот период нашата градинка успешно реализираше низа креативни есенски работилници со родители, како и весели есенски свечености и приредби со децата.
Есенските работилници беа прекрасна можност за заедничко дружење, соработка и креативно изразување.Заедно со родителите, децата изработуваа есенски украси и творби од природни материјали, развивајќи ја својата фантазија, моторика и љубов кон природата.Овие активности дополнително ја зајакнаа врската помеѓу градинката, семејството и детето.
Есенските свечености и приредби донесоа многу радост, насмевки и позитивна енергија.Преку песни, рацитации, драматизации и танци, децата ја претставија убавината на есента, своите стекнати знаења и креативност, а истовремено ја развиваа самодовербата и комуникациските вештини.
Им благодариме на сите родители за активното учество, поддршката и позитивната атмосфера.Ваквите настани се доказ дека преку заедничка соработка создаваме топла, сигурна и инспиративна средина за раст и развој на нашите деца.
Со нетрпение очекуваме нови заедничи активности и убави моменти!








