За нас

Градинката “8 Март“ почнаа со својата работа 1979 год. (објект Пржино) и токму оваа година е нашиот голем јубилеј. Територијално е лоцирана во Oпштина Кисела Вода. Згрижува 1200 деца што е повисока бројка од нејзините капацитети. Децата се распоредени во 7 објекти, во 36 групи градинка дел и 8 јаслени групи. Градинката запишува деца од 9 месечна возраст до 6 годишна возраст. Сите објекти располагаат со пространи занимални, уредени холовои, сали и дворови.
Работното време на градинката е од 06:00 до 18:00 часот.

Во градинката”8 Март” воспитно –образовната работа се реализира според Програмата за рано учење и развој која се темели на Стандардите за рано учење и развој.


ХИМНАТА на "8 Март" - на општина Кисела Вода во Град Скопје

Прекрасен е овој детски свет
а во него се градинки пет.
Тие се во најубавиот градски кварт.
Се викаат, се викаат "8 Март".

Во неа се расте во неа се пее,
8 Март, 8 Март, како сонце грее.
Виножито шарено над нејзе ќе сјае,
најмногу ја сакам секој нека знае.

rasadnik

 

stapalce-mala

 

 

dzunica-mala

 

 

zelenika-mala